(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Градоначалникот Ристески не сака да чуе за избрканите од ГЕНТЕРМ

Од:

„Советничката група на СДСМ ја напушти денешната седница на Советот, поради незаинтересираноста на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, да дискутираме за алармантната ситуација со отпуштањето на 141 вработени од ГЕНТЕРМ МАКЕДОНИЈА.

Побаравме дополнување на дневниот ред со точка за дискусија и информација во врска отказните решенија на 141 работник од ГЕНТЕРМ, но, ниту Претседателот на Совет Никола Димески, ниту градоначалникот Марјан Ристески, ниту советниците на ВМРО-ДПМНЕ, немаа слух за проблемите на нашите сограѓани, веќе поранешни вработени во ГЕНТЕРМ“, рече на денешната прес конференција Сашо Велески, член на Советот во Општина Прилеп.

„Бидејќи градоначалникот кукавички бега од соочување, прашањата кои не успеавме да му ги поставиме во Советот, еве ќе ги поставиме преку медиумите:

Зошто градоначалникот Ристески и Премиерот Груевски бесрамно си поиграа со судбината на овие работници?

Зошто овие 141 работник беа излажани дека после три месечната работна обука во Украина, ќе работат во фабриката во Прилеп, кога и Никола Груевски и Марјан Ристески, знаеја дека во ТИРЗ Прилеп кај Алинци, остана само празна ливада?

Каде се тие 20 милиони евра инвестиции и 2000 нови вработувања, кои заедно со Премиерот Груевски ги ветија на почетокот на месецов, на отворањето на виртуелната фабрика ГЕНТЕРМ?

Кој ќе им ја надомести штетата на овие работници, коишто сега останаа без работа и приход?

Знае ли Марјан Ристески дека помеѓу овие 141 отпуштени работници, има и бремени жени коишто сега се оставени без здравствено осигурување?

Ќе се извини ли неговиот сопартиец, пратеникот Димитар Стевананџија за манипулациите од парламентарната говорница за вработувањата во ГЕНТЕРМ?

Виртуелниот свет на Никола Груевски и неговите „дил ориентед“ политики секојдневно ги осиромашуваат луѓето од цела Македонија.

Бидејќи на денешната седница беше предвидено донесувањето на буџетот на Општина Прилеп за 2016 година, а градоначалникот Ристески како предлагач, во континуитет бега од дискусија на овие седници, беше дополнителна причина за наше напуштање и неучество во ваквите фарси на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Сашо Велески, ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Горан Наумовски

СДСМ: Распад на системот, Сања Божиновска во енергетиката создаде хаос кој го плаќаат граѓаните

Митрески: Бидејќи секој наш предлог се одбива, СДСМ поднесе 12 закони од изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста

(ВИДЕО) Кузеска: За една година власта ја претвори Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава

Горан Наумовски

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент