Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа офцијално промовираше план за создавање на безбедносна зона на територијата на Сирија, во која би можеле да бидат префрлени сириските бегалци кои во моментов се наоѓаат во бегалските кампови во Турција и кои сакаат да се вратат во својата татковина.
Ердоган во интервју за телевизијата „Ал Арабија“ најави дека според плановите, оваа безбедносна зона би се протегала во должина од 98 километри крај турско-сириската граница и во широчина од 45 километри на територијата на Сирија.
– Тоа ќе биде зона без терор и таму ќе може да живеат бегалци и оние кои сега се наоѓаат во камповите во Турција, рече Ердоган.
Тој нагласи дека веќе може да започне кампањата за прибирање средства за реализација на овој план, во чии рамки Турција би можела да изгради објекти за сместување на бегалците, кои би ги задоволувале нивните потреби.
Меѓутоа, како што јави ТАСС, ваквата идеја на Ердоган засега не наидува на поддршка кај нејизните сојузници. Така, портпаролот на Белата куќа Џош Ернест на почетокот на месецов изјави дека за создавање на безбедносни зони во Сирија се потребни големи ресурси, вклучително и распоредува значителни странски копнени сили, што е во спротивност со стратегијата на американската Администрација, која не сака испраќање свои војници на сириска територија.
Ердоган во итревјуто за Ал Арабија уште изјави дека Турција сака возобновување на добрите односи со Русија и нивно враќање на претходното ниво.
– Во моментов тие односи не се целосно прекинати, бидејќи во последниве 10 години постигнавне невиден напредок во соработката. Ние станавме стратешки партнери, истакна Ердоган, додавајќи дека во меѓународните односи никогаш не треба да се исклучуваат дипломатијата и потребата од разумен пристап.