Северна Англија деновиве е зафатена од поројни дождови кои предизвикаа излевање на реките и поплави во повеќе области и населни места во овој дел на Велика Британија.
Британската полиција соопшти дека ова се најголеми поплави во областа Јоркшир во последниве 70 години.
Меѓу најтешко погодените подрачја од поплавите е и историкиот град Јорк, каде денеска се упатени припадници на британската армија за да помогнат во евакуација на жителите кои останаа заглавени во нивните поплавени домови.
Во западен Јоркшир, вклучително и во градот Лидс, се испратени околу 100 војници, кои им помагаат на службите за итна помош во најтешко погодените реони.
Британскиот премиер Дејвид Камерон најави испраќање на допплнителен број војници во реонот на градот Јорк, поради прогнозите на метеорилозите дека врнежите ќе продолжат, поради што утре е можно излевање на реката Оуз.
– Се обидуваме да се справиме со неверојатно сериозна ситуација. Врнежите доведоа до сериозни поплави и последици без преседан. Поради тоа решивме да мобилизираме повеќе воени ресурси и воен персонал, кој ќе пружа помош, нагласи Камерон во изјава за телевизјата Скај.