Денеска, традиционално, по 24-ти пат, во месноста Говрлева Краста, на јужните падини на Водно, се сечеа бадникови гранчиња.
Први го започнаа симболичното сечење на бадниковите гранчиња годинешниот кум, Илија Малинковски, здравичарот Драган Мијалковски, претставник на Град Скопје и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Жерновски посака среќа и бериќет во новата година и како што рече, општина Центар и натаму ќе го поддржува одбележувањето на Бадник.
Скопјани се дружеа со песна, игра и посна трпеза. Бадниковите гранчиња ќе бидат поделени на Бадник, 6-ти јануари, на платото пред Соборниот Храм “Св. Климент Охридски“.