Канаѓанец освои 60 милиони канадски долари (43,3 милиони долари) на лотарија во Канада.
Добитниот тикет од популарната игра „Лото-Макс“ бил продаден во градот Мисисага, Онтарио. Добитните бројки биле 5, 8, 9, 12, 22, 39 и 45.
Уште осум „среќни“ тикети донеле големи добивки од по еден милион канадски долари (722.000 долари).
Најголемиот џекпот во историјата на Канада, 64 милиони канадски долари (49,5 милиони долари) беше освоен од лотаријата „6 од 49“ во октомври годинава.