Преговорите меѓу Федор Емилијаненко и УФЦ не успеаја да доведат до заеднички договор, но се чинеше се уште има некаква надеж конечно да го видиме Емилијаненко како дел од УФЦ.
„Само времето ќе покаже дали во иднина ќе работам со УФЦ, но и со други организации. Кога Дана Вајт дојде во Москва, тој ги почна преговорите со фактот дека УФЦ е најдобрата борбена организација и дека тие најдобро ќе ме промовираат. Немам потреба од реклама. Мојата цел не е само да се привлекува непотребно внимание за одредена борба. Што е поентата? Ако нешто се прави, тоа мора да има смисла“, рече Федор.