ГТЦ ќе добие футуристички изглед

Од:

Фасадата на Градскиот трговски центар во Скопје, најверојатно нема да биде во неокласицистички стил. На околните барокни објекти ГТЦ ќе им парира со футуристичка фасада, објавува порталот Фактор.

Денеска беше отворено единственото идејно решение кое пристигнало по објавнеиот конкурс. Архитектонското решение за фасадно обликување и надградба на ГТЦ, чии автори засега се држат во тајност, предвидува фасадата на трговскиот центар да содржи футуристички елементи, поточно целиот објект да биде застаклен, со челична конструкција и затворен по принципот на мол-систем, до да има има и отворени делови.

Од друга страна во однос на доградбата, според ова архитектонско решение, предвидено е трговскиот да се надогради со уште еден спрат на кој би имало деловни простории, хотелско сместување и спа- центри и игротеки. Идејата за надградувањето на трговскиот центар е стара десетина година, и пред се се прави поради прокиснување на покривот, кој е рамен, а од друга страна и заради зголемување на атрактивноста и посетеноста.

Директорот на ГТЦ, Аго Абазовски вели дека во следните седум дена тричелната жири комисија треба да го разгледа проектот и да одлучи дали дефинитивно ќе го прифати. Доколку архитектонското решение биде одобрено, можно е со истите автори да се склучи и договор за изработка на основниот проект. Засега сеуште не може со прецизност да се каже кога би почнала реконструкцијата и кој ќе биде се изведувач, тоа ќе биде познато по една недела, кога комисијата ќе донесе конечна одлука.

Инаку јавниот конкурс за промена на надворешниот изглед на Градскиот трговски центар беше објавен во јуни годинава, кога се изгласаа измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ донесен од општината Центар. Тогаш директорот Абазовски во дел од медиумите изјави дека преферира надворешниот дел на трговскиот да биде од стакло. Но во периодот кога се објави конкурсот, имаше инфомрации дека и фасадата на овој објект ќе биде по теркот на останатите кои се во склоп на Скопје 2014, односно во неокласицистички стил. На ваквите информации реагираа архтиектите кои дури беа револтирани што воопшто ќе се менува ликот на еден ваков култен објект за скопајни.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух