Иако ефектите од економската криза на големо се чувствуваат во земјите од југоисточна Европа, старите потрошувачки навики во овој дел од Европа и понатаму се изразени. Така, Бошњаците најмногу пари трошат на кафе, Србите на храна, а Хрватите на мобилни телефони.
Според истражувањето на ГфК Консумер Панел, граѓаните на Босна и Херцеговинанајмногу пари трошат на кафе. Така, според најновите информации, Бошњаците за овој топол напиток годишно издвојуваат повеќе од 80 милиони евра.
Драматичен е податокот кој укажува дека во БиХ за намирници во просек се издвојуваат дури 58 отсто од приходите.
Според истражувањето на порталот “Еурактив Србија“, просечно домаќинство во Србија троши повеќе од 40 отсто од домашниот буџет за храна, што е три пати повеќе отколку во земјите во ЕУ.
Истражувањето покажало дека граѓаните во Хрватска релативно многу трошат на телекомуникациските услуги.