Индискиот премиер Нарендра Моди, допатува во ненајавена посета на соседен Пакистан, за средба со пакистанскиот премиер Наваз Шариф.
Премиерот Моди претходно беше во посета на Авганистан, од каде, враќајки се кон Њу Делхи, неговиот авион слета во источниот пакистански град Лахоре.
Ненадејната посета на Моди се совпаѓа со родендентот на Шариф.
Нарендра Моди е првиот индиски премиер кој допатувал во Пакистан, после цели 11 години.
Индија и Пакистан иако први соседи, со децении на ред живеат во атмосфера на постојани тензии и меѓусебен ривалитет.
Овие две големи земји кои поседуваат и атомско оружје, на двапати војуваа меѓусебе за спорната подхималајска област Кашмир, за чија територија и двете држави претендираат дека е само нивна.
Њу Делхи и Исламабад честопати се обвнуваат за повремените судири меѓу припадниците на мнозинското Хинду население во Индија и тамошните муслимани. Индиските власти обично го обвнинуваат Пакистанм, а посебно неговата тајна служба за вмешаност во повремените исламистички терористички напади, на индиска територија, како оној во Мумбај, од пред неколку години, кога беа убиени повеќе од 200 лица.
Последниве години се забележува настојувањето и од двете страни, за попуштање на затегнатоста меѓу овие две земји.