СДСМ: За Груевски и фамилијата здравјето на граѓаните е неважно

Од:

„Граѓаните од цела Македонија секојдневно дишат екстермно загаден воздух.

Во Скопје и Тетово загадениот воздух достигнува фрапантни 18 пати повисоки концентрации на опасните ПМ10 честички што е исклучително опасно по здравјето на граѓаните.

Загадување 24 и 25 декември 2015 година_Page_1

Во Битола и Кичево концентрацијата на ПМ10 честичките изнесуваат високи 9 над дозволеното, додека во Кавадарци и Велес речиси 8 пати над дозволената граница.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не превземаа ништо за да се реши проблемот со енормно загадениот воздух.

Загадување 24 и 25 декември 2015 година_Page_2

И покрај бројните апели, и покрај сите ризични последици, Груевски нема слух за овој сериозен проблем којшто е опасен по здравјето на граѓаните.

Загадување 24 и 25 декември 2015 година_Page_3

„Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски се фокусирани на богатењето на фамилијата, бизнис интересите на братучедот Мијалков, чоколадите на кумот Ставрески. Здравјето на граѓаните за Груевски и фамилијата е неважно.

Загадување 24 и 25 декември 2015 година_Page_4

СДСМ се грижи за здравјето на граѓаните и бара веднаш да започне примена на конкретните мерки:

– Да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци.

– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.

Загадување 24 и 25 декември 2015 година_Page_5

– Да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и инсталација на енергетски ефикасни апарати.

– Да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.

Граѓаните се обединети против политиките коишто им го загрозуваат животот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта