„Курир” веќе 12 дена молчи и избегнува да даде одговор кој и на каков начин го финансира.
Објективното, неселективното и транспарентното работење се клучни клучни професионални и етички новинарски стандарди.
Јавноста и граѓаните дознаа за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”.
Молкот на „Курир“ отвара сериозен сомнеж за начинот на негово финансирање.
Особено имајќи ја во предвид поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на „Курир“, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП.
Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма е сопственик на радиото Слободна Македонија, а сопственик е и на К-Три телевизија ДООЕЛ Куманово.
Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.
Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков, поранешниот директор на УБК ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.
Како и на кој начин„Курир“ стекнал приход од 1,3 милиони евра? Зошто „Курир“ молчи?
Наместо молк и креирање на вести кои немаат допирна точка со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира „Курир“, се вели во соопштението на СДСМ.