Инфо Центар: Без запирање на атмосферата на линч и страв не може да има фер и демократски избори

Од:

Пред три години, на 24 декември 2012, авторитарниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и физички крена рака и се пресмета со демократијата и слободата на изразување во Република Македонија, потсетува НВО Инфо центар.

„Пратениците со клоци беа исфрлени од собраниската сала, а новинарите беа насилно и со закани истуркани и оневозможени да ја информираат јавноста за случувањата во законодавниот дом.

„Црниот понеделеник“ претставува и ќе претставува симбол на недемократското владеење на оваа власт во оставка која постојано ја засилува атмосферата на линч и страв спрема сите слободољубиви граѓани во Република Македонија.

И пред и после овој „црн понеделник“ сведоци сме на постојани притисоци, напади и закани врз граѓанските активисти, новинарите, медиумите, опозиционерите, обичните граѓани. Секој што мисли поинаку од оваа власт и секој што бара демократија, правда, почитување на основните граѓански слободи и права е прогласен за непријател, кодош, шпион, платеник, соросоид. Десетици активисти и новинари се нападнати или пак, добиле закани за својот живот.

До овој момент надлежните институции не процесираа ниту еден случај и досега пред лицето на правдата не се појави ниту еден од нарачателите и сторителите на овие напади и закани врз активистите, новинарите, граѓаните.

Без откривање и расчистување на овие случаи, без запирање на насилството и стравот во Македонија и без слобода на изразување, ниту можат да се подготват, ниту пак, можат да се спроведат слободни, фер и демократски избори.

Затоа, НВО Инфоцентарот бара Министерството за внатрешни работи да спроведе квалитетна, но и брза истрага за сите случаи на напади и закани врз новинарите и активистите. Насилниците мора да бидат откриени и обесхрабрени. Само на таков начин граѓаните ќе се чувствуваат слободно, безбедно и заштитено.

Се дотогаш, нема правда – нема мир!“, стои во соопштението на НВО Инфо Центар.

Би можело да ве интересира

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација