Градоначалникот на општина Центар, на денешната прес-конференција која ја одржа на улицата „Максим Горки“ или „Максимилијан Ѓорѓија“, како што ја нарекуваа жителите на Пустец, кои само за избори доаѓаа и гласаа.
„По вчерашниот прес на министерот за внатрешни работи, сите сомнежи кои ги имавме за изборните циклуси во Р. Македонија, за жал, се потврдија. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ на крајно дрзок и безобразен начин ја фалсификувал волјата на гласачите. Би сакал нешто директно да го прашам премиерот Груевски: Има ли поголем криминал од фалсификување на волјата и изборот на гласачите? Точно ли е Никола тоа што го кажуваше дека “народот е тој што одлучува”? Нели Никола народот е тој што ти дава поддршка? После ова се гледа дека ниту ти му верувавш на народот, ниту народот ти верува тебе, рече Жерновски.
Градоначалникот на Центар ги повика и охрабри институциите да ја расветлат целата работа, а министерот за внатрешни работи, Спасовски, да продолжи посветено да работи и да ја расчисти “маглата” што ја сее Никола Груевски и пропагандата на власта.
„Сето ова мора да заврши со кривична пријава за онаа министерка која велеше дека работи ‘според Уставот и законите’ и за нејзиниот наредбодавач, кој велеше дека ја има поддршката од народот“, рече Жерновски.
Жерновски соопшти дека случајот со нарачаните шамари врз него и нападот врз општина Центар го презема Специјалното обвинителство на Катица Јанева.
„Добив официјална потврда дека аскоро предметот ќе го разгледува Специјалното јавно обвинителство, со што Груевски својата “машкост” ќе може да ја покаже во сите институции“, рече Жерновски.
Тој упати апел до судиите кои, како што рече, се последната алка до конечна правда. Од судиите зависи дали конечно ќе се врати правдата и вербата во институциите.
Општина Центар останува и натаму останува и отворена за соработка со МВР, СЈО и судовите.