Продажба на билети за натпреварот со ЦСМ Букурешт

Од:

Иако до почетокот на втората фаза во Лигата на шампионки за ракометарките на Вардар има повеќе од две седмици, сепак од денеска, во продажба се пуштени влезниците за првиот меч на домашен терен.

Првиот натпревар македонските шампионки ќе го одиграат пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а противник е романската екипа ЦСМ Букурешт. Натпреварот е закажан за 9 јануари 2016 година со почеток од 17 часот и 30 минути.

Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“, од 10 до 18 часот и онлајн на ticketplus.mk по цени од 180 денари (трибини) 400 денари (ВИП зони) и 1000 денари (ВИП соби).

ЖРК Вардар се наоѓа во групата 2, а покрај ЦСМ Букурешт, за противници ќе ги има и екипите на, Будуќност и Савенхоф. Во групата се уште и тимовите на Ѓер и Митјиланд, против кои „црвено-црните“ играа во првата фаза од елитното натпреварување.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска