СДСМ: „Курир” 11 дена молчи кој и на каков начин го финансира

Од:

„Транспарентноста, непристрасноста и објективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди.

Јавноста и граѓаните знаат за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”.

Сериозен сомнеж отвара поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на „Курир“, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма е сопственик на радиото Слободна Македонија, а сопственик е и на К-Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата  на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков, поранешниот директор на УБК ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Како „Курир“ стекнал приход од 1,3 милиони евра?

Што крие „Курир“? Зошто молчи веќе единаесетти ден?

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат апсолутно никаква поврзаност со реалноста и точното информирање, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир”, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он