Големи шољи за кафе се појавија на секој чекор во Битола. Ваква е идејата на градската власт за пречек во градот на конзулите.
Кафето било традиција, го пиеле конзулите во минатиот век, а денеска без него не се можело. Може да се претпостави како би изгледало ова размислување и идеа , доколку се знае дека пастрмајлиите се традиција во Штип, калинките во Валандово, а пиперките во Струмица.
Огромните шољи за кафе се поставени на кружните текови среде хортикултурно уредените тревни површини, а на нив е грбот на Општина Битола.
Работниците денеска забрзано ги полнеа огромните шољи со земја.
Видеото е на ТЕРА ТВ.