ВИДЕО: Обвинителите избегаа од прашања на пресот за личните карти

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска излезе на прес конференција да соопшти што е пронадено во претресот извршен во стан на лице кое се сомничи дека стои зад фалсификуваните лични карти, афера што ја обелодени неделникот „Фокус“. Обвинителството соопшти само две конкретни информации, дека во претресот се најдени поголем број телефонски разговори и дека пронајдената опрема во претресот соодветствува на онаа за која пишуваше неделникот.

Освен што го кажаа ова, обвинителите не им дозволија на новинарите да поставуваат прашања. На почетокот тоа го најави портпаролката Елизабета Недановска, која рече дека своите прашања новинарите можат да ги испратат на службената мејл адреса на ОЈО.

-Новинарски прашања нема да имате можност да поставувате поради сензитивноста на настанот и за тоа што нам ни е потребно време со големо внимание да ги подготвуваме одговорите кои сме во можност да ги дадеме – рече Недановска.

На крајот од прес конференцијата, новинарите реагираа дека изминативе денови не добивале никакви одговори на прашањата што ги праќале поврзани со аферата.

-Поставете ги прашањата ќе ви биде одговорено во домен на она што сме во можност за да ја испочитуваме транспарентноста, но и законските одредби. Дествијата што се преземаат се во тајност. Она што е во можност Основното јавно обвинителство да сподели, ќе го сподели и ќе ви биде одговорено – рече таа.

Сепак заменик на основниот јавен обвинител на ОЈО-Скопје, Јован Цветановски, сподели со јавноста неколку важни детали од истрагата.

-При извршените претреси на стан на осомниченото лице З.Б. и на други лица пронајдени се голем број обрасци за патни исправи, возачки дозволи, лични карти и други документи за подготовка на невистинита документација. Пронајдени се машини, опрема, преси, секачи и компјутерска опрема за изготвување на фалсификувани документи. Првичните сознанија на обвинителство укажуваат дека постојат основни сомненија дека споменатите патни исправи, лични карти, машини и опрема содветствуваат со оние пронајдени при престресот – изјави Цветановски.

Тој ги потврди шпекулациите изнесени во медиумите вчера, дека во домот на осомничените се пронајдени телефонски разговори.

-Добиени се и првични известувања  од овластените лица за содржината на пронајдените податоци во компјутерите во кои меѓу другото се наведува дека постојат фајлови на десетици илјадни телефонски разговори. За содржината и потеклото на разговорите, поради обемноста на материјалот, ќе биде потребен времнски период од најмалку два месеци истата да ја утврдиме – посочи Цветановски.

Тој одговори и на сомнителниот аспект во целиот случај, зошто не е одредена мерка притвор за осомничените лица, со оглед на тоа што станува збор за тешко кривично дело кое може да биде повторено. Имено главниот осомничен, како што рече, е приведен на издржување казна затвор за претходно извршено кривично дело. За другите лица од судија на претходна постапка се определени мерки за обезбедување, но не се притворени.

-Само на јавниот обвинител кој работи по овие предмети е одлуката дали и за кои лица и какви мерки за обезбедување ќе бидат потребни и ќе бидат побарани. Таа исклучително зависи од неговата проценка и водење на натамошната истрага. Поради карактерот на истрагата во моментов не сме во можност да споделиме повеќе информации. Во иднина ќе контактираме – заврши Цветановски.

Маја Васева

 

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски

Ја киднапирале за пари – готово обвинението за убиството на Панче и Вања за четворица, таткото обвинет за помагање

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО: Извршен е увид, се испитуваат причините за опожарување на службениот автомобил на директорот на „Идризово“