Тренерот на Партизан, Петар Божиќ во пресрет на вечерашниот меч од кошаркарската АБА лига против македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром изјави дека очекува тежок дуел и голема неизвесност околу победниокот.
– Ќе имаме тешка задача, бидејќи МЗТ во последно време врза неколку добри натпревари и победи. Имаат добар тим, особено кога играат дома. Со триумфот во Ваљево над Металац само потврдија дека се во одлична форма. Ќе мора да одиграме максимално добро во сите 40 минути, без падови и осцилации, доколку сакаме да оствариме победа. Во спротивно, ќе биде тешко да се победи искусен тим како што е МЗТ Скопје, изјави тренерот на „црно-белите“ од Белград.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Партизан ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17 часот.
Со евентуална победа македонскиот шампион има шанси да се пробие на шестата позиција на табелата и да врзе три победи, втор пат оваа сезона.