Австрискиот скијач Марсел Хиршер за дел од секундата се извлече од голема неволја, откако за време на слаломот возен синоќа во италијанскиот скијачки центар Мадона ди Кампиљо на патеката падна дрон.
Леталото на кое беше закачена камера која ја снимаше трката, падна и се распарчи во близина на Хиршер додека тој поминуваше низ капиите на патеката.
Дронот ја уништи капијата која Австриецот само што ја помина, но тој ја продолжи трката. На крајот Хиршер го освои второто место со повеќе од една секунда заостанување зад победникот Хенрик Кристоферсен од Норвешка
Организаторите најава истрага за инцидентот.