Холандската полиција во пратка со ананси пронајде повеќе од еден тон кокаин. Во полициската акција уапсени се четворица мажи.
Полицијата врз основа на дојава упадна во магацин во градот Рамсдонксвер, каде во вреќи во кои требаше да има ананас имаше кокаин.
Во полициското соопштение се наведува вредноста на запленетите 1.100 килограми кокаин изнесува од 25 до 30 милиони евра.