Бразилската манекенка Нана Гувеа се фотографираше во Њујорк, помеѓу урнатините кои ги предизвика ураганот Сенди.
Убавицата, која позираше за списанието „Плејбој“ се сликаше под урнатите дрва и згмечените автомобили. Нејзиниот потег многу Американци ги налути, а некои и ги насмеа, па со помош на фотошоп ја уфрлија нејзината фигура во други сцени на поплави, земјотреси и пожари.
Триесетгодишната девојка позираше заводливо гледајќи во апаратот што е вообичаено за нејзините колешки, со тоа што во зад неа, наместо убава сцена сега можат да се видат уништените улици на Њујорк.
Една фотографија ја прикажува Нана на пешачки премин, додека зад неа е паднато дрво кое му го попречува патот на камион. На друга слика манекенката стои помеѓу два згмечени автомобили и се држи за испокршените гранки на дрвјата. Авторот на фотографиите, е нејзиниот сопруг Карлос Кајес.
На Фејсбук се појави страница насловена како „Нана Гувеа во центарот на катастрофата“, каде се закачени монтирани слики на кои е манекенката во различни ситуации на катастрофа.
Така Нана може да се види во низа трагични сцени, од тонењето на Титаник, до сообраќајни несреќи.
„Природната катастрофа е идеална прилика да излезете надвор и да ги испробате позите и облеката кои во друг случај не би ги одбрале. Ова е одличен момент да го преиспитате својот стил, а исто така да прескокнете над автомобилите и разни други работи“, гласи еден саркастичен коментар на интернет.
Сепак Бразилката не смета дека нејзините фотографии се оправдана причина за потсмев. Ураганот Сенди како што вели. Дополнително ги зближил неа и нејзиниот сопруг, па сакала да му оддаде чест.
„Повеќето од времето го поминавме во кревет. Денеска планирам да отворам шише вино и да прославам“, изјави Нана за шпанскиот магазин „ЕГО“
Интересни е што Бразилката својот сопруг го запознала за време на ураганот Ирена.