Премиера на „Снежана и Дедо Мраз“ во Кочанскиот Центар за култура

Од:

Детското драмско студио при Националаната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани премиерно ја изведе претставата под наслов „Снежана и Дедо Мраз“ на текст од Слободан Вукановиќ, а во режија на Силвана Јаневска.

-Се работи за целосно продукциско остварување на нашиот Центар за култура како програмска активност за оваа година. Оваа претстава која е наменета за деца е трета премиерна претстава за годинава со членовите на детското студио и театарот, истакна Коце Стојменов, директорт на Центарот за култура во Кочани.

Во претставата настапуваат десетина членови на детското драмско студио при Центарот. Костимографијата е на Александра Димитрова а сонговите и музиката ги напиша Благој Николов. Претставата „Снежана и Дедо Мраз“ во наредните денови ке ја проследат учениците од кочанските основни училишта и детските градинки.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска