Полицијата трипати го застанувала парискиот терорист Абделсалам, а потоа го пуштала

Од:

Најбараниот европски терорист Салах Абделсалам, полицијата трипати го застанувала по извршените терористички напади во Париз на 13 ноември, но веднаш потоа го пуштала, изјави возачот на автомобилот со кој Абделсалам избега од Париз.

Дваесет и шестгодишниот Абделсалам се уште се наоѓа во бегство, а француските власти веруваат дека тој побегнал во Сирија.

Хамза Ату, пријател на Абделсалам од Белгија, истакнал пред обвинителите дека тие двајца биле трипати застанувани додека возеле кон Брисел по нападите во Париз.

Ату, кој е обвинет за „помагање во терористички активности“, бидејќи го возел Абделсалам во Белгија, изјави пред властите дека полицаецот кој првпат ги застанал ги прашал дали конзумирале дрога. Другите двапати, полицијата од бегалците побарала само да покажат лични карти, по што им било дозволено да продолжат.

Абделсалам наводно не се обидувал да го прикрие својот идентитет и на полицијата при третиот обид и ја дал својата вистинска адреса во бриселското предградие Моленбек.

Автомобилот со кој тие патувале подоцна е пронајден во Моленбек. Ату и уште едно лице се набрзо уапсени, додека по Абделсалам се уште се трага.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз