Тешко повреден пожарникар при интервенција во Тетово

Од:

Еден пожарникар е повреден при интервенција на пожар што вчера попладне избувнал во куќа во тетовското село Долно Галчиште, информира денеска полиција.

Противпожарната бригада околу 17,30 часот го гасела пожарот во домот на шеест и едногодишниот С.З. кога еден од пожарникарите сериозно се повредил. Повредениот веднаш бил префрлен Ургентниот центар во Скопје каде му е констатирана фрактура на рака.

Увидот во опожарената куќа ќе биде извршен денеска.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан