Џереми Корбин: Лабуристичката партија ќе ја водам и на следните парламентарни избори

Од:

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин изјави дека ќе ја предводи партијата и на следните парламентарни избори,  што треба да се одржат во 2020 година.

Во разговор за британските медиуми, тој вели дека нема намера да замине од функцијата и ги повика своите партиски неистомисленици, наместо што работат против него,  да му се приклучат.

Изјавата на Корбин доаѓа по повод навршените сто денови откако тој е на чело на Лабуристичката партија.

Тој беше избран во септември годинава, добивајќи дури 60 отсто од гласовите на 400 илјади лица кои учествуваа во партиското гласање.

Неговиот избор беше означен како големо изнендување, затоа што иако Корбин е долгогодишен лабуристички пратеник ,  беше целосно маргинализиран во партијата, пред се, поради своето левичарење и неговото многу често гласање против сопствените лабуристички влади во Парламентот.

Победата на Корбин е дело на левичарските синдикати кои и натаму имаат силно влијание врз партијата, како и  на новиот систем на гласање, според кој како гласачи за изборот за нов партиски  лидер, за прв пат, можеа да се појават и нечленови на партијата.

Беше доволно само да се регистрираат за гласањето, со  уплата на само три фунти, па се верува дека за него гласале,  ултралевичарите, анархистите и членови на разни социјалистички групи кои  не гласаат на парламентарни избори.

Така се случи, на гласањето во септември да се појават 400 илјади гласачи, иако партијата има помалку од 240 илјади членови.

Во изминатите 100 денови, кризата во главната опозициска партија продолжува да се одржува, па повеќето од пратениците, како и половината од неговиот кабинет во сенка и понатаму не се согласуваат со својот нов лидер.

Некои пратеници веќе и јавно побараа тој да се повлече од функцијата, а министрката во владата во сенка, Анџела Игл, реагирајќи на изјавата на Корбин дека останува во следните пет години, рече дека тој не може да ги предводи лабуристите на следните парламентарни избори.

Независни набљудувачи во Лондон сметаат дека во интерес на зачувувањето на иднината на партијата, можеби е најдобро лабуристите да се разделат во две партии.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца