Седумдесет и петгодишниот Трајче Камиларовски денеска околу 13.30 часот починал на улица Македонија во центарот на Скопје.
Граѓаните кои се нашле во близина веднаш повикале Брза помош, но за жал докторите не можеле да му помогнат.
Во моментов на местото се прави полициски увид. Од СВР Скопје велат дека првично на телото на починатиот нема траги на насилство, но се очекува истражниот судија да даде наредба за обдукција.