Во понеделник 15 минути од 12:30 до 14:30 во прекин сообраќајот кај Пресека 

Од:

Во понеделник (21 декември) во периодот од 12:30 до 14:30 часот петнаесетина минутини во прекин ќе биде сообраќајот кај Пресека – с. Врбјани, на патниот правец А2 Кичево – Охрид, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози