Бременост: Што доколку (се уште) не сте го засакале своето бебе?

Од:

Повеќето мајки никогаш не би признале дека не чувствуваат никаква врска со бебето, кое го носат во стомакот, но една позната личност неодамна тоа го стори, што ја поттикна мајката блогерка Витни Бартел да размисли на оваа тема.

Ванеса Лечи, американска манекенка и телевизиска ѕвезда неодамна за списанието „American baby“ откри дека таа со своето неродено дете едноставно не успеала да воспостави врска.

– Додека го носев својот син Кемден, чувствував вина, бидејќи сите ми говореа за та љубов, која би требало да ја почувствувам, но љубовта ја немаше. Се сеќавам дека го праша Ник (нејзиниот сопруг): „Зарем со мене нешто не е во ред? Ова го сакав целиот живот, а сега се принудувам себе си да чувствувам нешто“, откри Ванеса и додаде дека чувството на љубов го добила дури кога дознала дека носи момче. Дури тогаш успеав да се поврзам со него, вели Лечи.

Мајката блогерка Витни Бартел нагласува дека е вистинско олеснување да се слушне позната личност како отворено говори за овој аспект на родителството, бидејќи, како што вели таа: „тешко е да не се споредите себе си со славните мајки за кои медумите често пишуваат“.

– Пред две и пол години и јас го минав патот, кој го опишува Ванеса, освен тоа што јас не почувствував поврзаност со моето бебе дури ни откако го дознав неговиот пол. Всушност не почувствував никаква поврзаност се додека не го земав својот син во прегратка, пишува Витни во својот најнов блог.

Таа додава дека и било мошне непријатно да се преправа дека е среќна и возбудена, кога се што чувствувала бил страв.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска