СДСМ: Груевски го игнорира сериозниот проблем со загадениот воздух

Од:

„Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 8 пати над дозволеното.

Во Битола и Тетово ПМ10 честичките изнесуваат речиси 7 пати над дозволеното, додека во Кичево 4 пати над дозволената граница.

Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, а Никола Груевски го игнорира овој сериозен проблем којшто е на директна штета на здравјето на граѓаните.

Политиките на Никола Груевски го уништуваат здравјето на граѓаните.

Загадување 17 и 18 декември 2015 година_Page_1

Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје а граѓаните се гушат во нечист воздух

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни.

Додека се трошат милиони евра за споменици, реклами и LED телевизори луѓе во Македонија умираат поради висок процент на канцерогени честички во воздухот.

Загадување 17 и 18 декември 2015 година_Page_2

Македонија според Светска банка Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните со цврсти, канцерогени честички. Повеќе од 1.350 смртни случаи годишно има во Македонија поради предизвикани болести на дишните патишта и рак.

Владимир „дил ориентед“ Пешевски ја призна сериозноста со загадениот воздух, но призна и дека ВМРО-ДПМНЕ нема решение.

Загадување 17 и 18 декември 2015 година_Page_3

Здравјето на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски е неважно. За Никола Груевски важни се само бизнисите на фамилијата, на братучедот Мијалков, провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?