Советот на општина Центар го донесе буџетот за 2016-та година

Од:

Советот на општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2016-та година. Општинската каса ќе тежи 1.501.674.000 денари.

Буџетот е креиран транспарентно, во соработка со граѓаните. Одржани форуми за буџетот, во соработка со Центарот на заедницата, на кои жителите на Центар укажуваа на што треба да се трошат парите, соопштуваат од Општина Центар.

51-ва седница на Совет 2

Парите од буџетот ќе се користат за:

  1. Одржување, изградба и реконструкција на урбана опрема, планирани 9.460.000, 00 денари.
  2. Јавно осветлување, 41.500.000, 00 денари
  3. Одржување на јавна чистота: 26.850.000, 00 денари
  4. Одржување на локални патишта и зимско одржување, 8.000.000, 00 денари.
  5. Одржување и изградба на паркови и зеленила, 30.000.000, 00 денари
  6. Реконструкција на фасади 27.600.000, 00 денари,
  7. Одржување и реконструкција на детски игралишта 4.000.000, 00 денари
  8. Заштита на животна средина, во најголем дел – за проектот Цел Центар на Точак, 3.510.000, 00 денари
  9. Образование (еден од најголеми приоритети), 162.927.000, 00 денари,
  10. Капитален објект – изградба на ново основно училиште во Капиштец – 341.000.000, 00 денари, од кои 100.000.000, 00 се планирани во буџетот за 2016-та година.
  11. Капитална инвестиција – доградба на училници во ОУ Гоце Делчев, со вкупна вредност од 21.000.000, 00, од кои 10.000.000, 00 се планирани во буџетот за 2016-та година.
  12. Подобрување на енергетската ефикасност (замена на фасадна столарија) во ОУ Димитар Миладинов, ОУ Кирил и Методиј и ОУ Кочо Рацин
  13. За детска заштита, ќе се издвојат 130.660.000, 00 денари
  14. Реконструкција на матичен објект, градинка 13-ти Ноември, за што во 2016-та се предвидени 29.000.000, 00 денари.
  15. Подобрување на енергетска ефикасност на објектите Пинокио и Јасмин, клонови на градинката РЈ Корчагин.
  16. Целосна реализација на инфраструктурата во Маџир Маало, вредност од 70.000.000, 00 денари.
  17. Реализација на инфраструктура за Тасино Чешмиче и Долно Водно.
  18. Реконструкција на ул. Ленинова (Аминта Трети), на дел од Партизански Одреди до ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, 21.000.000, 00 денари,
  19. Развој на програма – локалитет Пресвета Богородица, 15.800.000, 00 денари.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски