Разлики и несогласувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за Законот за бранители

Од:

Дебатата во Комисијата  за труд и социјална политика за Предлог-законот за бранителите, предложен од ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка, почна и прекина поради несогласувања на релација ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ.

Седницата беше прекината 30-ина минути по нејзиното отпочнување откако Веле Георгиевски како овластен предлагач на законот побара ограничување на траењето на дискусиите и на репликите и контрарепликите.

ДУИ не се согласија и побараа пауза, за да го разгледале прдлогот.

Георгиевски побара предност во обраќањата по амандманите да имаат членови и заменици на Комисијата, а потоа останатите пратеници, дискутантот да може да се обрати само еднаш по еден амандман во траење од 10 минути, а излагањето на овластениот предлагач по амандманот да трае најмногу 15 минути. Репликата и контрарепликата да бидат од една до три минути најдолго. Претседателката на Комисијата да опомене пратеник доколку не зборува за амандманот и пауза или прекин на седницата да може да побара само претседателката на Комисијата, член или заменик и таа да не трае подолго од еден час во текот на еден ден.

Пратениците на ДУИ на седницата дојдоа носејќи ги во кутии 10-те илјади нови амандмани што вчера беа вратени од Собранието со образложение дека рокот за доставување на нови вакви забелешки е поминат.

Претходно на почетокот на седницата Орхан Ибраими од ДПА побара  Цветанка Иванова да ја повлече предлог-точката од дневен ред посочувајќи уште еднаш дека, според нив, законот е противуставен, антидемократски и антиалбански.

Иванова образложи дека Предлог-текстот може да го повлече само неговиот предлагач, во случајов пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена