Истражувањето на ХОПС покажало дека 68% од сексуалните работници во Македонија се соочуваат со психичко, физичко и сексуално насилство, вели Воскре Наумовска-Илиева од здружението ХОПС.
– Сакаме силно да потенцираме дека насилството е голем проблем за сексуалните работници во Македонија. 211 од испитаните 310 сексуални работници кажале дека се соочуваат со насилство, односно 12% кажале дека барем еднаш биле жртва на сексуално насилство, а дури 10% кажале дека имале ситуација во која што од клиентите биле принудени на незаштитен сексуален однос спротивно на нивната волја, вели Наумовска-Илиева.
Тие како најголем сторител за насилствата го посочуваат семејството, потоа полицијата и клиентите.
– Сексуалните работници кажуваат дека клиентите и полицијата најголем дел се случува барем еднаш месечно, а дел кажале еднаш неделно, а од смејеството секојдневно, вели Наумовска-Илиева.
Според ХОПС, загрижувачка е изјавата дека полицијата не постапува по нивните пријави и не презема законска надлежност
Александар Тодески