СДСМ: Лажниот патриот Груевски повторно е фатен

Од:

„Никола Груевски еднаш ќе се реши да каже нешто за медиум што не е под негова контрола и вистината излегува на виделина.

Лажниот, виртуелен патриот, Никола Груевски, едно зборува пред граѓаните на Македонија а друго прави, задкулисно, зад грбот на граѓаните.

Да не бил Никола Груевски изненаден од прашањето на угледниот „Гардијан“?

Или повторно има проблеми со синусите?

Преку проектот Вистината за Македонија граѓаните дознаа дека токму Никола Груевски се пазарел со уставното име на Република Македонија и тоа тајно под маса, преку класични underground методи. Заедно со неговиот братучед Сашо Милајков, и со познатиот бизнис партнер на Груевски од Грција, Емануел Малелис, познат како Манолис.

Тоа биле вистинските преговарачи за промена на името на државата и таа вистина ја знаат граѓаните.

Од објавените аудио разговори стана јасно дека Никола Груевски не само што се пазарел за уставното име на земјава туку разговарал и ги договарал дури и идентитетските прашања.

Граѓаните на Македонија нема да ја заборават вистината за сите лаги врз коишто Никола Груевски го изгради имиџот за неговиот виртуелен патриотизам“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка