А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Тужба до Управен поради незаконската одлука на стариот состав на ДИК

by А1он15/12/2015 - 18:2185
Share0

„Ве известуваме дека СДСМ, преку дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, врз основа на член 48 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Влада ќе поднесе тужба до Управниот суд на РМ.

Добивај вести на вибер

Со тужбата бараме поништување на одлуката на Државната изборна комисија со која е одлучено дека „Емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на министерството за финансии на домашен пазар не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите“, па поради тоа не подлежи на согласност , односно одобрување од страна на Дополнителниот заменик министер.

Тужбата ја поднесуваме поради ненадлежност на актуелниот состав на ДИК, чиј мандат е истечен на 08.11.2015 година.
Исто така тужбата ја поднесуваме и поради тоа што самата одлука е целосно незаконски формулирана. Имено согласно Законот за јавен долг, член 18, задолжувањата со државни хартии од вредност се вршат како на домашен, така и на меѓународен пазар на капитал. Согласно истиот закон, задолжувањето се врши со емисија на краткорочни и долгорочни хартии од вредност.

Во самата одлука, ДИК третира и државни записи, кои во Законот за јавен долг, во делот на задолжување со издавање на државни хартии од вредност никаде не се споменуваат.

Не навлегувајќи во политичките причини за носењето на оваа одлука од страна на ДИК, тужбата ја поднесуваме поради ненадлежност на актуелниот состав на ДИК, како и поради тоа што истата е целосно правно нејасна за што всушност е одлучено.

СДСМ ќе ги искористи сите механизми за да спречи изборна корупција и злоупотреба на парите на граѓаните“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 10:3723/04/2026 - 18:14

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 09:44

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он20/04/2026 - 20:47

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он20/04/2026 - 19:0420/04/2026 - 22:44

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

Горан Наумовски20/04/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто