Изборната кампања во САД се засилува. Тимот на Мит Ромни емитуваше нов видео спот во кој Барак Обама е поврзан со Чавез, Кастро и Че Гевара.
Предизборниот спот се емитува на шпански и објавен е на локалниот канал во Мајами, како и на YouTube на каналот на Ромни.
Видео клипот вклучува изјави на Чавез и внуката на Кастро, Маријела, кои велат дека би гласале за Обама, ако можат.
Нараторот во видеото вели дека тоа не е сè, дека и Американската агенција за заштита на животната средина испратила маил по повод месецот на шпанската култура со слики од Че Гевара.
Весникот “Вашингтон пост” пишува дека Ромни во моментов води со 0,6 проценти во Флорида во споредба со Обама, што е на ниво на статистичка грешка.
Дневникот оценува дека кандидатот на републиканците тешко може да се смета на победа на национално ниво, ако не победи во Флорида.
Американските претседателски избори ќе се одржат на 6-ти ноември.