Од Град Скопје демантираат дека ги сечеле дрвјата на УКИМ

Од:

Од Град Скопје демантираат дека ги сечеле дрвјата на УКИМ, текст од демантот:

Градот Скопје и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, најостро реагираат на повторните лаги изнесени од страна на СДСМ, дека Градот Скопје ги исекол дрвјата во кампусот на УКИМ.

Имено, и покрај испратениот демант од Град Скопје уште на 12.12.2015 година СДСМ продолжува со своите лаги и клевети.

Поради тоа, бараме јавно извинување за изнесените невистини. Во спротивно, ќе биде поднесена пријава пред надлежен судски орган, за клевета.

Градот Скопје уште еднаш сака да нагласи дека ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје не ги исече дрвјата во кампусот на УКИМ. Појаснуваме дека Градот Скопје е должен, во согласност со Законот, да издаде решение за сечење дрвја кога ќе приложи инвеститор градежна дозвола за спроведување на Детален урбанистички план.

Би можело да ве интересира

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици