Бактериолошки неисправна водата во Неготинско и Демиркаписко

Од:

Бактериолошки е неисправна водата за пиење од селските водоводи во неколку села од Неготинско и Демиркаписко, информираше денеска раководителот на организациската единица Неготино при Центарот за јавно здравје Велес, доктор Иванка Тодоровска.

– Последните земени мостри покажаа зголемување на вкупниот број на бактерии, присуство на ешерихија коли и колиформни бактерии во водата од водоводите во селата Чифлик, Дрен, Корешница, Војшанци, Тремник, Бистренци, Црвени Брегови, Горни и Долни Дисан и Вешје, соопшти Тодоровска.

Таа нагласи дека имаат неколку предлог-мерки за решавање на проблемот. Потребно е, како што рече, санација и чистење на водоводите и редовно хлорирање на водата за пиење во овие села.

Докторката Тодоровска кажа дека исправна за пиење е водата од градскиот водовод во Неготино, од регионалниот водовод Лукар, која се користи и во неколку села.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он