Египет го завршил првичниот извештај за падот на рускиот авион на Синајскиот Полуостров на 31 октомври, кога загинаа сите 224 патници и членови на екипажот, соопшти египетското Министерство за воздухопловство.
– Комисијата за техничка истрага досега не открила никаков знак за незаконско мешање или за терористички активности, посочи Министерството.
Русија тврди дека авионот е урнат од бомба, а Исламска држава ја презеде одговорноста за уривањето.