Илјадиници Бразилци на демонстрации со барање за импичмент на Русеф

Од:

Илјадиници луѓе излегоа на демонстрации во Бразил со барање за импичмент на претседателката Дилма Русеф чија влада е под притисок поради корупциски скандал и слаби економски резултати.

Според податоци на бразилски медиуми, на демонстрациите во Сао Паоло имало околу 80.000 луѓе. Помали демонстрации се одржале во Бразилија, Рио де Жанеиро и во други градови во државата.

Во август на улица протестираа стотици илјади луѓе, а во март околу еден милион.

Претседателот на Долниот дом на парламентот Едуардо Кунја отвори процедура за импичмент на 2 декември откако добија дозвола од Конгресот по тврдења на опозицијата дека Русеф не почитувала буџетски закони по што биле зголемени расходите на кампањата за нејзин реизбор во 2014 година. Голем број Бразилци се незадоволни од најтешката економска рецесија во изминатите 25 години и корупцискиот скандал во државната нафтена компанија Петробраз во кој се вмешани блиски луѓе на претседателката.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск