Расчистени пет случаи на бесправна сеча на дрва

Од:

Постапувајќи по оперативната акција „ГОРА“, во текот на минатиот месец Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднела пет кривични пријави против шест лица поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела и тоа три кривични дела „кражба“ и по едно дело „фалсификување или уништување деловни книги“, „помагање“ во вршење „кражба“, „фалсификување или уништување деловни книги“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „кражба“,

Притоа, како што соопшти денеска МВР, констатирано било дека бесправно била исечена дрва маза во количина од над 30 метри кубни огревно дрво, а причинетата штета е проценета на 196.000 денари.

Во првиот случај кривично пријавен е Е.И. (64) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој со намера за противправно присвојување, од туѓа шума бесправно одзел повеќе стебла огревно дрво вид бука во количина од 12,30 метри кубни, и без соодветна документација и без жиг, ги складирал на својата нива во атарот на село Патишка Река. Со наведеното дејствие пријавениот ја оштетил заедницата за 86.100 денари.

Во вториот случај кривично е пријавено лицето З.М. (58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ затоа што со намера за противправно присвојување, од туѓа шума бесправно одзел повеќе стебла огревно дрво вид даб, бука и габер, во количина од три метри кубни и истите ги складирал на своја нива во непосредна близина на својот дом во село Држилово. Со наведеното пријавениот ја оштетил заедницата за 21.000 денари.

Во третиот случај кривично е пријавено лицето К.А. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот со намера за противправно присвојување, откако претходно од туѓа шума безправно исекол повеќе стебла на дрва даб во количина од три метри кубни ги натоварил во ТМВ марка „Мерсцедес Фургон“ со скопски регистарски таблички по што се упатил да ги превезе до својот дом во село Кондово, Општина Ѓорче Петров. Но, во околината на граничен премин Чашка, Скопје, пријавениот бил запрен од полициски службеници и по извршената контрола е лишен од слобода во ПС Чашка. Со нваеденото инкриминирано дејствие пријавениот ја оштетил заедницата за 21.000 денари.

Во четвртиот случај кривичнопријавени се лицата С.С. (32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „фалсификување или уништување деловни книги и С.М. (27) од Скопје за „помагање“ во вршење „кражба“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Првопријавениот С.С., (управител на ДПТУ„СОКОЛ-АРЦ КОМ“ДООЕЛ село Гошинце) откако претходно присвоил безправно исечено од туѓа шума огревно буково дрво во количина од 9.70 метри кубни, со намера да изврши легален превоз од неговиот склад за дрва во село Гошинце до наводен купувач од општина Бутел, Скопје, односно до за него саканата денистинација, предметните дрва заедно со второпријавениот ги натовариле во ТМВ марка Мерцедес и додале уште 4 метра кубни буково дрво жигосани со број на жиг што С.С. предходно легално ги набавил. Со намера да го замаскираат незаконското дејствие С.С. во својство на управител изготвил и со свој потпис и печат на правното лице, заверил испратница за превоз на огревно дрво во која внел невистинити податоци дека наводно траспортира дрвна маса во количина од 13 м3, а не 13,7 м3 колку што било натоварено и дека најмалку 80 проценти од дрвото е жигосена со жиг, наводно издадена за сметка на Одобрение за сеча под број кој се однесува на одобрение за сеча кое всушност правното лице „Форест Инженеринг“ предходно му го издало на друго лице. Дури како возач на возилото со кое се врши транспорт навел друго лице иако знаел дека возач на возилото е второпријавениот. Така изготвената испратница со невистинити податоци истиот ден му ја дал на второпријавениот, кој во својство на возач се упатил кон Скопје за да изврши превоз на дрвата и предметната испратница ја употребил како вистинита при вршење на рутинска контрола на ТМВ на улицата „Бутелска“ во Скопје од страна на полициските службеници од ЕБПС. Со наведените инкриминирани дејствија пријавените ја оштетиле заедницата за 67.900.00 денари.

И во петиот случај кривично е пријавено лицето Ф.Ј. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, во својство на службено лице-шумски полицаец во Шумска полициска станица Скопје, на сторител на прекршок му вратил Товарно моторно возило марка „ТАМ“ со скопски регистарски таблички, кое претходно врз основа на безправен превоз на огневно дрво бука, било одземено од страна на полициските службеници од ПС ОН Кисела Вода и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. Пријавениот, иако бил дел од патрола на Шумска полиција која извршила контрола и мерење на дрвната маса, без да изготви никаков документ, му го вратил на сторителот на прекршокот предметното возило, при што ја одзел само дрвата маса во количина од 3,5 м3 огревно буково дрво кои ги предал во Агенција за управување со одземен имот.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Германците навалија на „Смедеревац“ печки на дрва и камини – се чека и по една година

А1он

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска