На Светското првенство за ракометарки што се одржува во Данска вечерва се играат првите осминафинални дуели, како и натпреварите за пласман.
Во осминафиналето во Хернинг домаќинот Данска ја пречекува Шведска, додека во Нествед е дуелот меѓу Холандија и Србија. Во Колдинг светскиот првак Бразил за ривал ја има Романија, додека во Фредериксхавен Германија игра против Норвешка.
Во натпреварите за пласман од 17-20. место играат Јапонија – Кина и Аргентина – Порторико, додека за пласман од 21-24. место ќе играат Тунис – Куба и Конго – Казахстан.
Другите осминафинални дуели се играат утре, како и натпреварите за конечен пласман од 17-24.место