ФОТО: Нов плоштад, дрвја и зеленило на „Наум Наумовски – Борче“

Од:

„Општина Центар денеска почна да сади дрвја и да го зазеленува новиот плоштад кој се прави на крајот на улицата „Наум Наумовски – Борче“.

Плоштадот е на површина од 400 м2, поплочен со павер елементи и природен гранит.

Nov plostad - Centar (2)

На улицата „Наум Наумовски – Борче“, каде што имаше ударни дупки и уништен асфалт, кои го оневозможуваа нормалното одвивање на сообраќајот, ќе биде поставен нов асфалт, ќе се нивелираат шахтите и ќе се уредат оштетените ивичници. Реконструкцијата е на потегот од „Партизански Одреди“ до улица „Ленинова“.

Nov plostad - Centar (3)

Местото се разубавува со две големи жардинери со зеленило, а од наредната недела ќе се поставува нова урбана опрема, клупи и осветлување.

Nov plostad - Centar (4)

Во првата фаза од реконструкцијата беше реконструиран водоводот, во должина од 100 метри и за прв пат, на оваа улица се постави атмосферска канализација“, се вели во соопштението на Општина.

Nov plostad - Centar (5)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар