СДСМ: Виртуелните инвестиции на Груевски ги однесе ветерот

Од:

„Пред повеќе од 4,5 години, во мај 2011 година, Владимир „дил ориентед“ Пешевски и миленикот на Груевски, Никола Тодоров, ветија отварање фабрика за производство на ветерници во тетовско.

Според најавите на милениците на Груевски, фабриката требаше да почне со производство уште пред 4 години и да отвори 500 нови работни места.

Виртуелните инвестиции на Никола Груевски ги однесе ветерот. Денеска, после 4,5 години ниту има фабрика за ветерници во Тетово ниту има 500 нови отворени работни места.

Почна реализација на нова швајцарска инвестиција од пет милиони евра во Тетовско | ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Почна реализација на нова швајцарска инвестиција од пет милиони евра во Тетовско | ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ова е уште една од низата виртуелни инвестиции на Никола Груевски коишто никогаш не се реализираа.

Тоа е лажното и лицемерно лице на Никола Груевски што 10 години ветува виртуелни инвестиции.

Наместо отварање нови фабрики, нови вработувања, производство и реализација на проекти, Никола Груевски единствено мисли на парцелите на Водно, провизиите, мерцедес од 600 илјади евра, очила од 60 илјади долари, матните бизнис зделки на фамилијата и братучедот Мијалков,“чоколадите” на кумот Ставрески…

Корупцијата во врвот на власта однесе безброј работни места и запушти многу населени места во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“