Монографија за проф. Стела Слејанска-Стојаноска

Од:

Во Фондацијата „Никола Кљусев“ вечер ќе биде промовирана монографијата „Стела Слејанска-Стојаноска – пропагатор на современиот звук“ посветена на еден од доајените на македонската пијанистичка уметност и универзитетски професор.

Автор на делото во кое е опфатен нејзиниот севкупен уметнички, научен и педагошки опус, е Христо Стојаноски, а издавач е „Нампрес“.

Монографијата го претставува уметничкиот пат на Слејанска-Стојаноска (1944-2013), прв македонски пијанист кој се оформил во Париз. Основата за овој труд се голем број документи, податоци и сведоштва за нејзиниот живот и дело.

Монографијата ќе ја промовираат Викторија Коларовска-Гмирија и Тодор Светиев. Покровител на настанот е семејството на Слејанска-Стојаноска и го организира по повод  денот на нејзиното  раѓање.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска