Славниот кабриолет „Порше“ на легендарната рок пејачка Џенис Џоплин е продаден во Њујорк за 1,8 милиони долари, што е рекордна сума во аукциска продажба на таков модел на автомобил, објави „Сотбис“.
Цените во последните пет минути од аукцијата брзо растеа и „Поршето“ беше продадено за 1,76 милиони долари. Станува збор за модел од 1964 година, препознатлив по шарени психоделични слики. Почетната цена беше 300.000 долари.
Возилото, кое е насликано со пепертутки и медузи, е сведок на времето на поп културата и социјалните движења од 60-те години на минатиот век.
Џенис Џоплин, често го возеше овој автомобил, а тој беше и паркиран пред холивудскиот хотел во кој таа почина од предозирање со хероин во 1970 година.
Но, иако Џенис го обожуваше своето „Порше“, сепак нејзината најпозната песна е посветена на „Мерцедес“.