СДСМ: Лицемерни предизборни финти на Груевски и Тодоров

Од:

„Груевски и Тодоров се уште немаат исплатено средства за капитација на матичните стоматолози и доктори за 4 месеци. Последната исплата е од месец август 2015 година, а веќе сме на крај на годината.

Во паника од изборен пораз Груевски и Тодоров најавуваат зголемување на капитации откако видоа дека СДСМ во платформата предвидува зголемување на капитацијата на стоматолозите.

Тоа беше детално образложено и во дебатите во рамки на проектот Визијата за Македонија, заедно со екепертите од оваа област.

Разликата е во тоа што ВМРО-ДПМНЕ најавува паушално зголемување на капитацијата без пресметка а СДСМ реално ќе ја зголеми капитацијата согласно пресметка на потребните средства за нормално функционирање на ординациите.

Миленикот на Никола Груевски, Никола Тодоров, со кој создадоа хаос во здравството, повторно неуспешно се обидува да манипулира со лекарите и стоматолозите.

Тодоров никако да разбере дека од хаосот во здравството се сноси одговорност и дека не може да се спаси со манипулации и неуспешни обиди да ги копира мерките од плтаформата на СДСМ.

Најавеното зголемување на капитацијата на стоматолозите за 5 денари, односно од сегашните 35 на 40 денари е лицемерен предизборен трик на двоецот Груевски-Тодоров.

Токму Никола Груевски е тој што го намали капитациониот бод на стоматолозите, во 2008-ма година, од 45 денари на 35 денари!

До 2008-ма година, уште од времето на поранешната влада на СДСМ, капитациониот бод за стоматолозите изнесуваше 45 денари по пациент.

Зарем премиерот во заминување Никола Груевски, и неговиот миленик Тодоров мислат дека стоматолозите заборавиле за нивните погрешни одлуки со коишто ги оневозможија да работат нормално?

Јасно е, реалното зголемување на капитацијата на стоматолозите доаѓа по 24-ти април и победата на СДСМ.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ