Уапсен уште еден новинар во Грција

Од:

Грчката полиција уапси и уште еден новинар, за кој се тврди дека поседува документи, украдени од Судот на ревизорите, кои покажуваат што правеле политичарите со кредитните малверзации на земјата, објави весникот „Етнос“.

Уапсениот е Спирос Караџаферис, брат на лидерот на партијата Народен православен собир ЛАОС Јоргос Караџаферис, кој во емисија на телевизијата Арт рече дека поседува официјални документи кои ја разобличуваат политиката на Владата и е подготвен да ги објави. Според водителот, тајните податоци се добиени од хакерската група „Анонимуси“.

Новинарот рекол дека одбива да плати парична казна и оти преферира да оди во затвор.

Тоа е втор ваков случај со новинар во Грција, откако властите уапсија негов колега – Костас Ваксеванис, издавач на списанието „Хот док“ по обвинение за нарушување на законот за заштита на личните податоци, откако објави список со над 2.000 имиња на Грци со банкарски сметки во Швајцарија.

Ваксеванис тврди дека според тој список над 13 милијарди евра биле префрлени на смеки на грчки граѓани во Швајцарија во период 1998-2007 година.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната