ФОТО: Нов мини-плоштад на улица „Пиринска“

Од:

„Општина Центар, од денеска започнува со расчистување на теренот и со уредување на мал плоштад на спојот на улица „Пиринска“ со булеварот „Св. Климент Охридски“.

Rascistuvanje teren 11.10 (1)

На местото на несредениот паркинг, оштетен асфалт и подлога и бандери од кои висат кабли, на површина од околу 300 м2, ќе никне пјацета, хортикултурно уредена, со јавно осветлување и нова урбана опрема.

Rascistuvanje teren 11.10 (2)

Граѓаните се жалеа на изгледот и состојбата на овој дел од Центар и по контактите и разговорите со градоначалникот и општинските служби, започнува средувањето на просторот.

Rascistuvanje teren 11.10 (3)

Ќе се постават клупи, држачи за велосипеди и корпи за отпадоци. Просторот ќе биде поплочен со висококвалитетни плочи од гранит и травертин. Материјалите се карактеризираат со трајност, квалитет и долговечност, лесно се одржуваат и се во склад со најсовремените светски стандарди за партерно уредување.

Rascistuvanje teren 11.10 (4)

Веднаш по уредувањето на овој простор, ќе започне и изградба на мал сквер и на улицата “Чедомир Миндеровиќ“, на површина од 250 м2“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар