Започна процесот против грчкиот новинарот кој ја објави „Лагардовата листа“

Од:

Денеска започна судскиот процес против грчкиот новинар Костас Ваксеванис, кој е обвинет за прекршување на законот за заштита на лични податоци со објавувањето листата на 2 илјади Грци кои имаат околу 2,5 милијарди долари на швајцарски банкарски сметки.

Тој изјави дека ја објавил Лагардовата листа откако властите во изминативе две години откако ја имаат, не започнале истрага за даночни малверзации.

Новинарот се соочува со можна казна затвор од 3 години. Контроверзните податоци во 2010 години поранешната француска министерка сега директорка на ММФ Кристин Лагард им ги дала на грчките власти. На листата има имиња и од врвни бизнисмени и политичари.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски