(ВИДЕО) Сугарески: Без идеи и резултати ВМРО-ДПМНЕ лицемерно краде проекти на СДСМ

Од:

Без идеи и без резултати зад себе ВМРО-ДПМНЕ продолжува лицемерно да краде проекти од СДСМ. Безидејното ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден поднесе закон по скратена постапка којшто во целост е препишан и украден од предложениот закон за ДДВ на СДСМ и коалициските партнери, вели Горан Сугарески, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ.

Се работи за законот за ДДВ којшто беше поднесен од СДСМ и коалицијата на 18.11.2015 год. со којшто баравме средствата што се донираат преку специјален телефон за донации од операторите, да не подлежат на наплата на ДДВ од 18%.

Но, затоа им беа потребни дури 22 дена за да го проучат и препишат овој закон.

Повеќе од очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ предизборно ги краде идеите и предлозите на СДСМ.

Недостатокот на идеи и поразителните резултати на погубните политики очигледно ги натераа Груевски и ВМРО ДПМНЕ лицемерно и грубо ги крадат предложените законски решенија на СДСМ како што се законот за минимална плата, законот за енергетска сиромаштија, законот за правата на професионалните војници, проектот за бесплатен превоз на студентите…

Доколку ВМРО ДПМНЕ сакаше да се укине наплата на ДДВ на донациите, се што требаше да направат е да го поддржат веќе предложеното законско решение од страна на СДСМ.

СДСМ без оглед на ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во Сообранието на Република Македонија да поднесува законски решенија кои што реално, а не виртуелно ќе ги штитат интересите на граѓаните на Р.Македонија.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одземаа 10 години од животот на граѓаните и сега нема што да им понудат.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните